Стара расправија довела до крвопролевање во паркот „Жена борец“ во Скопје, дознава Пресс24.
Според досегашните информации, засега непознато лице го нападнал скопјанецот А.Р.(40) среде бел ден во центарот на Скопје. Скопјанецот заработил убодна рана во пределот на слабината.
Полицијата работи на откривање на насилникот и расветлување на случајот.