Скопјанец ја претепал својата поранешна девојка затоа што не сакала да има секс со него. Инцидентот се случил вчера во Волково.
Според информациите на МВР, Е.С.(25) пријавила дека вчера околу 18,30 часот во село Волково била физички нападната од страна на нејзиното поранешно момче И.А.
„Додека седеле во возилото на И.А. во еден момент тој почнал да ја удира со тупаници во пределот на главата, телото, грбот и рацете, нанесувајќи ѝ видливи повреди по главата и телото, а потоа И.А. почнал да ја допира по телото. Причина за физичкиот напад е тоа што пријавителката не сакала да има сексуален однос со И.А. бидејќи ја прекинале врската пред две недели“, велат од МВР.