Скопјанец му се заканувал на американскиот амбасадор Џес Бејли испраќајќи пораки на официјалниот профил на Фејсбук на Амбасадата на САД во Македонија, соопшти МВР.
Скопјанецот Т.Т. (34) ги испаќал заканите во периодот од 14 до 16 април 2016 година од својот профил на Фејсбук во повеќе наврати.
Како што соопшти полицијата, заканувачот објавил коментари со недолична содржина и испратил индиректни закани кон дипломатскиот претставник на САД во Македонија и кон неговото семејство со што јавно го изложил на подбив.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против него поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „повреда на угледот на странска држава“.