Дваесет и седум годишниот М.А. од Скопје вчера попладне намерно бил прегазен од А.Б. кој управувал со автомобил „Алфа Ромео“.
Од полицијата информираат дека на ова кривично дело му претходела расправија меѓу двете лица пред локална продавница во скопско Маџари.
Повредениот со полесни повреди бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, а полицијата работи на расчистување на случајот.