На автопатот Велес-Скопје, пред наплатната станица Отовица, вчера околу 20.30 часот, А.Ѓ.(60) од Скопје со стап го скршил левиот ретровизор и стаклото од левата врата од товарно возило „мерцедес атего“ со скопски регистерски таблички.
Потоа тој физички ги нападнал возачот на возилото А.И.(47) од село Арачиново удирајќи го со стапот во пределот на носот, а потоа и неговиот 14-годишен син удирајќи го во пределот на грбот, информираат од полицијата.
Во СВР-Велес бил извршен разговор со напаѓачот А.Ѓ. и по целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.