Неколку лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случила на бул.„Македонско Косовска Бригада“ во Скопје, вчера наутро околу 07,40 часот.
Управувајќи „опел астра“ со скопски регистерски таблици, Ќ.О. (42) од Скопје изгубил контрола над возилото и удрил во пешакот Х.Р. (29) од Скопје. По ударот во пешакот, возачот продолжил со движење на возилото и со предниот дел удрил во влезната врата од маркет, по што продолжил да се движи во просторијата на маркетот и удрил во една од касите за наплата, во метални рафтови и во колички за пазарење, при што дошло до разнесување на предмети и стакло и дел од истите удриле во некои од вработените.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во ГОБ„Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и истиот бил задржан на лекување.
По незгодата лекарска помош побарале и вработените од маркетот Ш.Ф. (25) А.С. (20), А.М. (22), С.О. (19), Ш.Х. (25) и С.Ј. (19) кои со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во ГОБ„8-ми Септември“, каде им биле констатирани телесни повреди и истите биле пуштени на домашно лекување.
Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.