Четириесет и двегодишен скопјанец со прострелна рана во главата е пронајден мртов покрај возило на обиколницата кај надвозникот за Раштански пат.
Полицијата денеска соопшти дека 42-годишниот З.Џ. е пронајден вчера во 17:15 часот, а покрај него имало пиштол.
Од страна на полицијата било излезено на местото на настанот и извршен е увид од страна на јавен обвинител. По наредба на јавен обвинител, над телото ќе се врши обдукција.