На големата плажа во албанскиот пристанишен град Драч, во морските води, полицијата го пронашла телото на македонскиот државјанин С.Ш. жител на Скопје.
Од полицијата информираат дека станува збор за лице на возраст од 65 години, кое било на одмор со семејството.
Телото кое било пронајдено во уринските часови, било идентификувано од член на семејството.
Надлежните работат на целосно расветлување на случајот.