48 годишен скопјанец со куршум во главата си го одзел животот на езерото Треска во близина на Скопје.
Безживотното тело на Зоран Василевски е пронајдено вчера околу 18 и 30 часот. Мотивот за убиството се уште е непознат, јавува Канал5.
Неговите роднини во полиција изјавиле дека Василевски од дома заминал претходниот ден и не се вратил дома. Телото на починатиот е предадено на обдукција.