Вчера во 14.30 часот во ПС Центар, Е.П. (45) од Скопје пријавила дека во периодот од септември 2016 година до 7 овој месец, нејзиниот невенчан сопруг А.К. извршил полов напад врз нивното тригодишно дете.
Според пријавителката, половиот напад се случил кога остварувал редовни видувања со детето врз основа на решение издадено од страна на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи. Истата забележала дека по средбите детето е вознемирено, но со оглед дека детето боледува од церебрална парализа истото не можело да каже што се случува на средбите со таткото.
Пријавителката го однела детето на специјалист невропсихијатар на преглед, а според наодот од Клиниката за психијатрија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, констатирано било дека кај детето постои емоционална вознемиреност.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.