Во 08 часот и 50 минути во текот на вчерашниот ден, во Ургентниот Центар-Скопје бил донесен 32-годишниот А.А. од Скопје, кој бил ранет од огнено оружје во пределот на главата.
Имено, полицијата информира дека дента во 08 часот тој се симнал во подрумските простории од куќата во која живеел и со огнено оружје си пукал во главата.
А.А. со возило на Итна медицинска помош во неконтактибилна состојба бил пренесен во Ургентниот Центар-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.