Скопјанец со години користел социјална помош, а издавал негови објекти под наем. Заработувал за луксузен живот, а се пријавувал како социјален случај, објави Здравство24.мк.
– Станува збор за граѓанин кој издавал објекти под наем и по однос на други основи успевал месечно да се стекнува со приход од над 9000 евра. Тоа веројатно била состојба која најверојатно дека не очекувал дека ќе ја констатираме преку УЈП и преку агенцијата за Катастар со која електронски добиваме податоци за располагање на имот на целата територија на Македонија, вели за порталот Здравство24 Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика.
Скопјанецот од Чаир не бил единствениот кој ја злоупотребувал социјалната помош, но според месечните приходи од издавање на имот драстично се разликува од останатите кои од кирија заработувале од 1200 до 1800-тини евра месечно, а од државата чекале помош од 2500 денари.
Zdravstvo24.mk