Скопјани дишат чист воздух само кога има ветер – загадениот воздух убива


Скопјани вчера дишеа чист воздух по подолго време, откако ветерот го однесе смогот. Цел октомври воздухот редовно ги надминуваше среднодневните концентрации на ситни лебдечки честички со дијаметар помал од 10 микрометри (ПМ 10), чија максимално дозволена среднодневна концентрација за заштита на човековото здравје не смее да надмине 50 микрограми на кубен метар воздух.

vozduh chemestrials zagadenТака, во Лисиче концентрацијата на прав редовно се движеше околу 150 мцг/м3, односно три пати над дозволеното, а во минатата недела неколкупати часовната концентрација се искачуваше до 400 мкг/м3. Во центарот и во Kарпош имаше слични вредности, а на моменти правта достигаше до 350 мцг/м3. Станицата во Лисиче ја мери загаденоста од индустријата, а тие во центарот и во Kарпош го мерат влијанието од сообраќајот. Мерната станица во Гази Баба, пак, не работи неколку месеци.

Проблемот е во тоа што вакви загадувања не се дозволени ако се следи Законот за заштита на амбиентниот воздух, кој редовно е прекршен. Законот предвидува дека во текот на една година бројот на деновите во кои е надмината среднодневната концентрација на ПМ 10 од 50 мкг/м3 не смее да биде надминат повеќе од 35 пати, но ние тој лимит го постигнавме уште во јануари и февруари. Досега годинава, жителите на Лисиче дишеле загаден воздух 148 дена, во центар 122 дена, во Kарпош 85 дена, а додека работеше станицата во Гази Баба, регистрираше загадување во вкупно 130 дена.

На секои шест и пол часа по еден наш сограѓанин умира како последица на загадениот воздух, според процените на Светската банка, која годинава излезе со фрапантни податоци за Македонија дека годишно како последица од загаден воздух умираат 1.350 лица! Најголема закана е загадувањето со ситни лебдечки честички со дијаметри помали од 10 и 2,5 микрони (ПМ10 и ПМ2,5) чија концентрација во градовите, особено во зима, значително ги надминува максимално дозволените дневни концентрации.

Повеќе на Дневник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1