Скопјани може да здивнат- земјата се смирува!


Почвата под скопскиот регион има тенденција на смирување, велат сеизмолозите од сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.zemjotres-2

-имаше уште неколку помали земјотреси со амплитуди од 1,9 степен, а граѓаните не ги почувствуваа иако претходно се чувствуваа и потреси со јачина од 1,5 степен според Рихтер. Значи дека ударите се се подлабоки и се помалку се чувствуваат на површината на земјата. Тоа изгледа ветувачки дека сепак земјата ќе се смири и дека скопјани може да здивнат, изјавија од oпсерваторијата .

Kако причина за серијата земјотреси сеизмолозите од опсерваторијата при ПМФ ја наведуваат тектонската раздвиженост на африканската и евроазиските тектонски плочи. Тоа ги наведе да размислуваат и за можна поврзаност за земјотресите во западна Турција, во близна на Измир со потресите кои во скопско се случуваа во изминатите два дена, по оној најсилниот од неделата со 5,3 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1