Скопјанка доживеала ХОРОР: Требало да работи во маркет, завршила како проститутка


СВР Скопје-Единицата за насилен криминал, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје го предаде М.Ѓ.(47) од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „посредување во вршење проституција“.

Во периодот од од 28.06 до 14.10.2014 година, пријавениот откако се запознал со оштетената ја ангажирал за делење рекламен материјал и по сексуален однос со неа, почнал да ја уценува дека има снимки и ја принудувал да имаат сексуални односи. Подоцна ја вработил во негов колонијал и врз основа на закани дека ќе ги покаже видео снимките од сексуалниот чин на нејзините блиски, а воедно прикажувајќи и дека ќе ја заштити од трето лице кое има намера да ја грабне и силува, во наведениот период со употреба на сила и сериозни закани ја врбувал и поттикнувал да дава сексуални услуги на клиенти, во стан кој бил во сопственост на неговиот брат.

prostitucija-630x416

За услугите, соопшти денеска МВР, биле наплаќани парични средства во висина од 1.000 до 2.000 денари. По извесно време, кога оштетената сакала да се откаже од давањето сексуални услуги, пријавениот физички ја нападнал нанесувајќи ѝ повреди по целото тело.

Настанот од страна на оштетената е пријавен СВР Скопје по што се преземени сеопфатни мерки и активности и врз основа на судска наредба од Основен Суд Скопје 1 извршен е претрес во домот на пријавениот, каде се пронајдени повеќе докази и тие се одземени за понатамошна постапка.

Инаку, претходно против М.Ѓ. се поднесени повеќе кривични пријави во врска сторени кривични дела „тешка кражба“, „тешка кражба во обид“, „измама“, „силување“, „фалсификување пари“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1