Вчера во 11.30 часот во ЕИК-Скопје било пријавено дека во Скопје на улица „Васил Главинов“, 80- годишната А.И. околу 09.20 часот го пронашла нејзиниот сопруг Г.И. (89) во спалната соба без знаци на живот со прострелна рана во пределот на главата.
Од екипа на Итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје, при што подигнат бил пиштол. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција – стои во билтенот на МВР.