Скопје, Гевгелија, Пелагонија зафатени од невремето


Невреме проследено со дожд, грмежи и ветер попладнево ги зафати гевгелискиот, пелагонискиот и скопскиот регион.nevreme dozd 11

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека попладнево нестаблна облачна маса проследена со врнежи, грмежи и засилен ветер од северозападен правец се преместуваше од запад кон исток. Нестабилност имаше во Пелагонија и во скопската котлина која се движеше кон Куманово, Кратово и Крива Паланка. Во Тетовско е забележан ситен град, а силен ветер во Гевгелиско до 65 километри на час. Засилен ветер со брзина од 55 до 60 километри е забележан и во Скопје.

Најмногу дожд од 7 литри наврна на Зајчев Рид и 5 литри во Пожаране.

Во вечерните часови се очекува стабилизирање на времето и е можен само слаб дожд. Утре облачноста ќе се намалува и не очекува сончев ден. Нестабилно време можно е за време на викендот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1