Вчера околу 19.30 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Д.С. пријавила дека од страна на обезбедувањето на трговски центар во Скопје, во тоалетите на приземје од објектот, било пронајдено починато женско лице.
Смрт била констатирана од екипа на Итна медицинска помош.
Се работи за лицето А.М. (30) од Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено за обдукција.