Непријатната миризба која ноќеска ја почувствуваа жителите на дел од Скопје е од пожар на дивата депонија Вардариште.
Како што информираат надлежните институции на Градот Скопје, вчера попладне интервенирале екипи на Противпожарната единица на Градот Скопје.
Пожарот е изгаснат, но чад и миризба од Вардариште има и изутринава.
На терен се излезени инспектори на општина Гази Баба, на чија територија се наоѓа Вардариште.
Сител