Во текот на вчерашниот ден во полицијата се пријавени неколку случаи на непровоцирано физичко насилство врз граѓани како и каменување на градски автобуси низ Скопје.
Вчера утро во 09,20 часот во Скопје, во кругот на АСУЦ „Боро Петрушевски“, по завршување на големиот одмор, пет-шест непознати лица го пресретнале ученикот Н.П.(17) од с.Миладиновци и физички го нападнале, нанесувајќи му видливи повреди. МВР презема мерки за откривање на сторителите.
Исто така биле нападнати двајца ученици во автобус на ЈСП, број 9. Имено околу 19,10 часот на бул. „Крсте Мисирков“, во деветка, шест до седум непознати лица ги нападнале Е.А.(16) и неговата другарка К.А.(17), удирајќи ги со тупаници по телата, од што на Е.А. му нанеле видливи повреди. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Неколку минути подоцна 17- годишно момче е претепано откако се симнало од 9-ка на ул. „Цветан Димов“, на автобуската постојка кај „Јаја Паша“.
А.Р.(17) откако се симнал од автобус на ЈСП бр.9, бил пресретнат од четири-пет непознати лица, кои физички го нападнале.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот.
Возач на ЈСП пак пријавил дека непознат сторител фрлил камен кон автобусот, притоа оштетувајќи го додека возел на ул. „Првомајска“, во населбата Пинтија, додека управувал автобус на ЈСП.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот.
Исто така бил каменуван и автобус на ЈСП со број 68 позади Поликлиника „Бит Пазар“. Притоа било оштетно предното ветробранско стакло од автобусот, а полициајта трага и по овие сторители.
Скопјанец вчера пријавил дека пред два дена на бул. „Никола Карев“, во близина на надвозникот кај Бит Пазар, додека се возел во приватен автобус бр.63, од страна на 10-15 непознати лица автобусот бил сопрен, по што истите влегле внатре и физички го нападнале, нанесувајќи му видливи повреди. Се преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот.
Сител