СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.А.(44) и У.Ф.(26) двајцата од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“.
На 11 овој месец, околу 03,00 часот на ул. „Христо Татарчев“ со употреба на физичка сила и туркање на влезна врата влегле во куќа каде извршиле пребарување и одзеле мобилен телефон и пари.
Откако ги забележал сопственикот на куќата кој заедно со семејството спиеле во горниот дел од куќата и се се упатил кон сторителите, тие избегале во непознат правец.
Судија на претходна постапка на Р.А. му изрече мерка притвор во траење од 30 дена, додека У.Ф. е вратен за одлежување на веќе изречена казна во траење од девет години.