Скопје во познатиот весник Гардијан – го испофалија градот, градбите и угостителите


Статија за Скопје со детални информации што да видите, каде да јадете, каде да преспиете и што не смеете да пропуштите излезе во он лајн изданието на познатиот весник Гардијан. Откако го испофалија градот, градбите како и угоститителите во сторијата Гардијан дава детални информации за Македонската метропола еве што вели.

Skopje-plostad-300x300Зошто да одите во Скопје ?

Панорамата на Скопје ја раскажува приказната на овој балканска град појасно од било која книга по историја:

на едно место ќе се прошетате низ историјата на – социјалистичко време прикажано низ станбени блокови, минарињата на отомански џамии, византиски куполи , турски бањи , неокласичен згради , мостови и грандиозни споменици – резултат на неодамнешната треска во изградба во насока на зацврстување на националната гордост.

Што да се прави во Скопје

kameni most

Можете да се изгубите во тесните улички на Чаршијата , турските бањи мора да ги видите , некогаш најголемиот турски амам на Балканот, сега е дом на Националната галерија на Македонија ( nationalgallery.mk ).

Преминете ја реката Вардар низ од 15 век стариот Камени мост, минете низ плоштадот Македонија, низ триумфалната капија , погледнете ги статуите на националните херои и осветлени фонтани.

На падините на планината Водно, неколку милји надвор од градот, лежи од 12- тиот век стариот Св Пантелејмон манастир, кој е ризница на византиската уметност.

Откако ќе се восхитите на прекрасните фрески, можете со жичара да се качите на планината.

urbanГардијан посебно издвои и неколку бизниси со угостителство во Скопје. Па на своите читатели им препорачува со име и линк до нив каде да јадат и каде да отседнат. еве што вели. 

Каде да преспиете

Урбан Хостел е најдобрата опција за вашиот буџет доколку треба се сместите во Скопје. Нуди избор на соби или пак апартмани, се наоѓа во прекрасен дел на градот – Дебар маало –  соседството во центарот на градот полно со барови и ресторани (соби со цена од € 13 , станови од 46 € , urbanhostel.com.mk ) .

Каде да јадете
Стара Куќа е местото да се пробаат македонски специјалитети, како што се полнети пиперки , шопска салата, грав чорба и свински ребра , сместен во куќа од 19-от век, со резбани дрвени тавани ( starakuka.com.mk ).

Што мора да направите во Скопје
” Прошетајте по должината на Кеј и јадете во рестораните кои се на линија на реката, вели Кетлин Беки , која ја води K8 американска пекарница и кафуле во Старата Скопска Чаршија ( k8skopje.com ). ” Плаза де Торос и  Ања се неколку од моите омилени. По вечерата, купете сладолед и да одете на плоштадот Македонија.

www.theguardian.com

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1