Скопје во вторник пред и по натпреварот ќе биде како карантин зона


Ни птица нема да може да прелета во Скопје за време на Супер Купот в вторник. Службите за безбедност нема да и препуштат ништо на случајноста, најавуваат од МВР. Полициските сили контролата ќе ја кренат на највисоко ниво. 2000 безбедњаци – полицајци, специјалци, хеликоптерска единица, контраразузнавачи, службени кучиња, ќе бидат координирани од посебен штаб во МВР. Од помош ќе бидат и информациите и на службите од регионот, а на трибините ќе има и обезбедување од приватните агенции.stadi

Неколку безбедносни прстени ќе треба да поминат гледачите пред да влезат на стадион. Час и половина пред натпреварот, планирано е фудбалските фанови кои купиле билети да ги поминат сите безбедносни процедури и да седнати на своите места на трибините. Полиција ќе контролира околу Националната Арена, на влезот како и на трибините. Специјалци ќе ги чуваат фан зоните каде ќе седат навивачите на Манчестер и Реал. Под нивно око ќе бидат и фудбалерите на двата тима. За нив ќе има посебни мерки за обезбедување уште кога ќе слетаат во Скопје ден пред одржување на натпреварот, па се до нивното заминување. Црвена зона на безбедност со строги контроли од полицијата, ќе има околу и во хотелите каде ќе престојуваат фудбалерите и претставниците на УЕФА.

До Арената ќе се стигнува пешки, посебен сообраќаен режим на ниво на цел град ќе објави МВР в понеделник.
Освен во патниот сообраќај, посебен режим ќе има и во воздушниот. ТАВ, информира дека на 7, 8 и 9 август патниците на скопскиот аеродром да доаѓаат четири часа порано, од времето на полетувањето.
Посебна единица на МВР ќе контролира дали ќе има препродажба на билети за натпреварот, до сега велат дека немале запленето фалсификати. Според информациите кои министерството ги има од УЕФА,за натпреварот се продадени сите 30 000 билети од кои за Манчестер Јунајтед се дадени 5.000, а исто толку и за Реал Мадрид. Останатите билети се продадени во 73 држави, меѓу кои и Македонија.

Alfa.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1