Слаѓана и нејзините деца добија дом


Слаѓана Влајковиќ и нејзините две деца добија живеалиште. Покрив над главата на ова семејство им обезбеди општината Чучер Сандево.

bscap0006-15-

Ќе живеат во куќа за која општината ќе ја плаќа киријата, а ќе им биде обезбедена и храна.

Дури откако Слаѓана беше принудена за нејзиниот проблем јавно да проговори, социјалните служби понудија помош. Од државата Слаѓана ќе добие само парична помош. Сместување во шелтер центар на оваа жена не и следувало, оти не била жртва на насилство.

Судбината на Слаѓана трогна многумина граѓани, кои уште синоќа понудиле помош и во пари и во облека. Единствено нејзиното најблиско семејство не почувствува ниту љубов, ниту жал за децата кои имаат 11 месеци и 2 и пол години.

526397_10151772384915535_689638842_nСлаѓана вели дека по никоја цена нема да ги остави децата во дом. Тие всушност се извор на нејзината сила и заради љубовта кон нив ги потиснала срамот и гордоста и реши јавно да ја раскаже својата приказна.

24 годишната Слаѓана две недели талкаше по скопските улици. Невенчаниот сопруг ја напуштил, а од куќата во која што живееле ја избркала свекрвата. Татко и не ја примал назад. Две ноќи ова семејство спиеше во Меѓаши. Чергарскиот живот на семејството Влајковиќ заврши денеска. Иако и куќата во Чучер Сандево е само привремено живеалиште. Но, сега засега проблемот е решен.

Kanal5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1