Славен папарацо убиен во Рим – најден на улица со еден куршум во глава


Даниеле Ло Прести, еден од најпознатите папарацо кој ги фотографирал најголемите светски ѕвезди, е пронајден мртов како лежи на улица во Рим во локва крв. Бил убиен со еден истрел во главата. Убиството се поврзува со неговата контроверзна работа.

42 годишниот фотограф е најден мртов на велосипедска стаза на која обично џогирал. Го пронашле пријателите со кои се договорил да трча.

paparaco ubienПолицискиот портпарол додава дека Ло Прести изгледа е жртва на мафијашко убиство според начинот на кој е убиен. најверојатно фотографирал некого кој не сакал да биде фотографиран, можеби некој од мафијашкото подземје, изјавиле од полицијата. Инаку тој е човекот кој на Малта го фотографираше Бред Пит со асистентка, што ја „полуде“ Анџелина Џоли, а негова мета биле многу славни меѓу кои и Бјонсе.

Тој и претходно добивал закани и имал инциденти. Пред 5 години автомобилот му бил запален а минатиот месец неговиот колга Данило Черети загина во мистериозна несреќа со мотор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1