Славни родители од пеколот: Бебето им имало кокаин во крвта откако мајка и ја доела по дрогирање


Брачен пар телевизиски личности се изјасниле за виновни затоа што го довеле во опасност нивното бебе на кое му нашле кокаин во телесниот систем.

Четиримесечната ќерка на Сом и Кристин Лисајус ја внела дрогата преку мајчиното млеко. Таа била одведена во болницата Оро Вали на 15 мај откако престанала да реагира, а очите и се превртеле по доењето. Брачниот пар одбивале да ѝ земат крв во болницата, па така ја напуштиле истата и против препораката на медицинските лица, но се согласиле да бидат префрлени во друга медицинска установа.droga-roditeli

Властите го префрлиле бебето во детската болница Дијамант, но родителите и таму не сакале да соработуваат и на детето да му се направи тест на токсикологија. На крајот, била изведена анализа на урината и токсиколошката анализа. Тестовите покажале дека бебето имало кокаин во неговиот систем.

Но, 26-годишната мајка отпрвин одрекувала дека употребувала кокаин и тврдела дека не знаела како бебето било изложено на дрогата.droga-roditeli-bebe

Потоа во полиција признала дека шмркнала кокаин со нејзиниот сопруг на 14 мај кога имале гости во нивниот дом во Оро Вали. Полицијата добила налог да го пребара нивниот дом и нашле 1,59 грама кокаин. Двајцата поранешни презентери за Тусон ТВ се соочуваат казна затвор во времетраење до 2 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1