Славните масовно го бришат профилот на Фејс – По Маск и Асанж го избриша својот профил


Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж денеска на Твитер објави дека го избришал својот профил на Фејсбук, обвинувајќи го притоа основачот на оваа социјална мрежа Марк Цукерберг дека е „мегаломанијак кој своите корисници ги нарекува глупаци“.

– Само што го избришав својот профил на Фејсбук. Всушност никогаш не го ни користев. Пријатели не ги уфрлуваат своите пријатели во огромната база на разузнувачки податоци, што ги контролира мегаломанијакот кој своите корисници ги нарекува глупаци- објави Асанж на Твитер.

Во прилог на пораката, Асанж објави и фотографија од преписка меѓу Цукерберг и негов неименуван пријател, во која основачот на Фејсбук вели дека докоилку му треба може да му обезбеди повеќе од 4.000 пораки, фотографии и и-мејл адреси на која било личност од Харвард.

Во преписката пријателот го прашува Цукерберг како успеал да ги обезбеди сите тие податоци, а тој му одговара дека „луѓето едноставно му ги доставиле“.

– Немам поим зошто, Тие едноставнои ми „веруваат“. Глупаци – стои во одговорот на Цукерберг со датум од 2004 година.

Оваа преписка се појави уште во мај 2010 година, по што Цукерберг за тогашниот портал „Силикон Ели Инсајдер“ (денешниот „Бизнис Инсајдер“) призна дека таа е веродостојна, но нагласи дека „од тогаш пораснал и се променил“.

Претходно и американскиот милијардер Илон Маск ги избриша официјалните профили на „Тесла Моторс“ и „СпејсХ“ на Фејсбук, кои заедно имаа над два и пол милиони пријатели.

Фејсбук се најде на удар на критики на јавноста откако беше објавено дека социјалната мрежа на компанијата „Кембриџ Аналитика“ и доставила податоци на 50 милиони нејзини корисници, без нивно знаење и одобрение. „Кембриџ Аналитика“ работела за потребите на изборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп во 2016 година.

По избувнувањато на скандалот, берзанската вредност на компанијата „Фејсбук“ се намали за над 58 милиајрди долари.

Цукерберг засега не се огласи во врска со овој скандал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1