Чивава со живот ја плати пасијата на фан на One Direction кој од групата побарал да го следи на Твитер и се заканил дека ќе си го убие кучето.
– Следи ме на Твитер или ќе му го скршам вратот на моето куче – стои во пораката со слика на која се гледа како некој ја држи малата Чивава за врат.
Во милионите твитови кои One Direction ги добиваат секој ден, веројатно не го забележале овој ниту следниот испратен по неколку недели од @illumivatoна кој пишува: Ве сакам, следете ме. Моето куче тукушто умре!
Овие твитови предизвикаа шок на социјалните мрежи – некои се уверени дека пореметената девојка лажела дека си го убила кучето а повеќето ја нарекоа „психо“. Се појави иницијатива таа да биде забранета на твитер што и се случи. Нејзиниот идентитет не е откриен. Од One Direction не го коментираа овој морбиден случај.