Следи невреме со град, грмежи и силен ветер – Од петок температурите скокаат за 10 степени


Управата за хидрометеоролшки работи за попладне најавува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, повремено засилен ветер и појава на град. Максималната температура ќе се движи од 16 до 26 степени.

Слично време со краткотраен дожд и грмежи се очекува и во Скопје каде максималната температура ќе достигне до 24-тиот степен.

Променливото и нестабилно време ќе се задржи до среда. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи и појава на град.

Стабилизирање на времето и значителен пораст на температурата се очекува од петок и за време на викендот кога максималните темепратури ќе се искачат до 36-тиот степен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1