Следува облачно и студено време


Времето денеска е променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во вечерните и ноќните часови, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Поварадрието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

Како што најави УХМР, во следните денови ќе се задржи променливо облачно и студено време со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Минималните температури ќе се движат од – 13 до нула, а максималните од -3 до 9 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1