Вкупниот број на жртви во пожарот кој изби на траектот кој пловеше на југот во Јадранот се уште е неизвесен, бидејќи постојат различни тврдења за бројот на патници кои патувале на кобната рута. Со оглед на тоа дека до сега потврдено е дека десет лица го изгубиле животот, а 427 се спасени, недостасуваат уште 41 патник. Постои сомнеж дека вкупниот прој загинати лица би можел да се искачи на 40 до 60.
Меѓу патниците кои се симнале во Бари во секој момент струјат информации дека на бродот патувале повеќе „слепи“ патници, илегални мигранти, кои од страна на возачите на камиони биле прокриумчарени на бродот.
За точниот број на патници ќе се знае кога во Бари ќе пристигне „Сан Џорџо“, голем десантен брод на италијанската Воена морнарица кој служи и како хеликоптерска база и како подвижна поморска болница, а кој се задржа во албанските води во потрага по исчезнати, која беше продолжена и рано утринава. На бродот се наоѓаат и половина од до сега спасените патници од бродот „Норман Атлантик“.
Но тука не е крајот на ужасите. Поголем број бегалци од Авганистан, кои од гаражите успеале да стигнат до палубата скокнале во морските води, по што биле спасени од страна на рибарски бродчиња кои дошле да помогнат. Се тврди дека одреден број на бегалци останале во гаражниот простор на бродот, и дека најверојатно изгореле во пожарот.
Се повеќе се јавуваат теории дека токму тие обидувајќи се за се загреат запалиле оган кој подозна се проширил и прерасна во голема катастрофа, откако од пламените јазици било зафатено маслиново масло кое били натоварено во дел од камионите.
Постојат и тврдења дека бројот на возила во гаражниот простор примил дваесет и две возила повеќе од максимално дозволениот број.