На автопатот Велес-Скопје синоќа околу 1 часот и 40 минути кај Дурутовец се случила сообраќајна несреќа. Според податоците, товарно возило со приколка, марка „Сканиа“, со унгарски регистерски ознаки, од засега неутврдени причини излетало од коловозот и слетало во провалија 20-тина метри.
Екипи на СВР Велес и надлежен јавен обвинител биле на лице место, а превземени биле и мерки да се исвлече возачот од возилото.
По целосно завршување на увидот и по анализите, ќе бидат соопштени и причините поради што е дојдено до сообраќајната несреќа.