Словенечки новинар ќе ги открие Македонците со офшор сметки во Кипар


Оф шор ликс ќе ги прикаже имињата и на македонски граѓани – даночни претстапници кои своето огромно богатство го кријат на тајни банкарски сметки во странство. Словенечкиот новинар Блаж Згага кој работеше на откривањето на овој банкарскиот викиликс за националната хрватската телевизија вчера изјави дека во оваа голема афера која го тресе целиот свет се вклучени и бизнисмени од поранешна Југославија, вклучувајќи ја тука и Македонија, пренесува порталот Фактор.

Истрагата идентификуваше цела плејада владини функционери и богати фамилии од целиот свет, од Kанада, САД, Индија, Пакистан, Индонезија, Иран, Kина, Тајланд и од екскомунистичките држави, вклучително и СФРЈ.

„Можам да потврдам дека има личности од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија, значи речиси од сите поранешни југословенски републики. Но, за ова детално ќе објавиме во наредните недели кога ќе ја завршиме целата истрага. Точно е има навистина познати личности и интересно е што некои од тие личности веќе соработувале прекугранично и мислам дека тоа ќе биде навистина интересен дел од истрагата“, изјави словенечкиот новинар Блаж Згага, за Хрватска телевизија.

Portret Blaž Zgaga novinar Veèera

Гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, изјави дека не би бил изненаден доколку во оваа афера се појави и некој македонски богаташ, бизнисмен или политичар.

„Иако македонските граѓани и фирми согласно законот за девизно работење немаат право да имаат банкарски сметки во странство, вклучително и на британските Девствени острови, сепак можно е да има прекршители на законот“, изјави Богов.

Лондонскиот весник „Гардијан“ неодамна ја пренeсе веста за милиони меѓународни документи кои излегоа од светската офшор-финансиска индустрија откривајќи го првпат идентитетот на илјадници сопственици на тајно богатство од целиот свет.

На листата на даночни престапници се наоѓаат Михаил Фридман – руски олигарх, Има Маркус, гувернерка на филипинската провинција Илокос Норте и најстара ќерка на бившиот диктатор Фердинанд Маркос. Тука се и Лејла и Арза Алиеви, ќерки на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, потоа претседателот на парламентот на Монголија, Бајартсорт Сангајав, па шпанската бароница и уметничка – колекционерка Кармен Сервера, а германскиот весник „Шпигел наведува дека „грчките сопственици на офшор фирми, вкупно 107, потекнуваат од сите слоеви на општеството, од жителите на најбогатите атински квартови, па се до оние кои живеат во оддалечените села на северот од земјата.

Околу 2,5 милиони фајлови ги открија тајните на повеќе од 120.000 вакви компании и групации откривајќи тајни зделки на политичари, измамници и на богаташи од целиот свет.

Тајните документи ги обелоденуваат имињата на компаниите во Британските Девствени Острови, Kуковите Острови и во други офшор-прибежишта. Брисел веќе им препопрача на своите членки да ги идентификуваат и да ги стават на црн список местата кои важат за даночен рај. Се проценува дека на офшор сметките луѓето кријат над 20 билијарди долари.

Faktor.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1