Словенец му пратил на Македонец хашиш по пошта


На аеродромот „Александар Велики“ отсек за стоково царинење, царинските службеници спречија обид за нелегелно внесување на килограм хашиш смола.hasis-680x365_c

Како што соопштија од Царинската управа, во саботата во царинска испостава аеродром „Александар Велики“ Скопје – отсек за стоково царинење, пристигната е пратка испратена од Словенија, за примач – физичко лице од Скопје, во која стои опис на стока – 1 парче со вредност од 20 евра.

При физички преглед на пратката, од страна на царински службеник во присуство на претставник од курирската пошта – превозник на пратката е пронајден хашиш смола-наркотична дрога, со тежина од 100 грама.

Царинската управа против осомничениот ќе поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1