Словенија воведе карантин во 7 региони


Словенија од утре воведува карантин во 7 од 12 региони за да се спречи ширењето на заразата од корона вирусот.

Во овие седум делови на земјата меѓу кои е и Љубљана на јавни места е забрането собирање на повеќе 10 лица. Жителите не смеат да го напуштат регионот, освен заради професионални обврски или здравствен третман. Задолжително е носење на заштитна маска и на отворен простор.

Словенија како и Македонија изминатите денови имаше висока стапка на заразени во изминатите 24 часа во Словенија се регистрирани 700 нови случаи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1