Словенија воведува нови мерки, речиси 400 новозаболени од коронавирус


Во Словенија во изминатите 24 часа коронавирусот беше потврден кај 397 лица од 3.308 тестирани, а четири лица починале. Со просечно 120 новоинфицирани дневно на 100 илјади жители во последните 2 недели, исполнет е најважниот од критериумите за активирање дополнителни ограничувачки мерки, изјави претставникот на словенечката влада, Јелко Кацин.

За кои мерки станува збор во рамките на третиот пакет-мерки предвидени за портокаловиот корона-аларм, ќе се одлучи на утрешната владина седница, најави Кацин.

Овие мерки вклучуваат воведување вонредна состојба на нивоа од општина до регион, општа забрана за посета на болници и други институции, затворање барови, ресторани и спортски сали, пренесува агенцијата СТА.

Владата исто така може да воведе правило дека само еден клиент може да биде услужен во фризерски салони и салони за убавина, како и забрана на верски церемонии и свадби во некои општини.

Владата на Словенија на утрешната седница може да ги донесе сите или само некои од споменатите мерки.

Во болниците има 180 пациенти, што е за осум повеќе од вчера, а 32 лица се на интензивна нега, односно шест повеќе од претходниот ден.

Бројот на активни случаи е зголемен 8,7 проценти и изнесува 3.744, пренесуваат словенечките медиуми.

Од почетокот на епидемијата во Словенија се регистрирани 9.231 случаи на коронавирус, а 173 лица починале.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1