Словенија ги „укинува“ кумовите


Словенците наскоро ќе можат да се венчаат без присуство на кум, а предбрачен договор ќе биде отворена законска можност, пренесе „Б92“.

Присуство на кумови на церемонијата досега била законска обврска, но законодавците го прифатиле толкувањето дека нивната класична улога, како личности што го потврдуваат идентитетот на младенците, во современото општество станала непотребна.

Во иднина, младенците пред матичарот ќе може да се идентификуваат исклучиво со лични документи, а кумовите како сведоци ќе бидат на церемонијата само ако младенците го бараат тоа.

Новиот закон по првпат предвидува можност склопување предбрачен договор, со кој се регулираат имотните односи на сопружниците.

Законот стапува на сила на почетокот на следната година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1