Службите на Здравствен дом Скопје за време на претстојните празници ќе обезбедуваат 24 часовна здравствена заштита.
Граѓаните кои ќе имаат потреба од лекарска помош, тоа ќе може да го добијат преку дежурните ноќни пунктови ( Поликлиника Идадија ,Ченто, Чаир, Ѓорче Петров, Бит пазар, Јане Сандански, Шуто Оризари, Драчево ) , во сабота на 30.04.2016 година дежурна специјалистичка служба од 08ч-16ч. во Поликлиника Букурешт и 24 часовна покриеност од Службата за Итна медицинска помош.
Согласно изминатиот период на постење се препорачува граѓаните да внимааат со внес на храна од животинско потекло и консумација на алкохол пред се од здравствени причини како и поради безбедност во сообраќајот.