Смени на началници во МВР – еве ги новите


Смени на началници во секторите за внатрешни работи, смени во одделот за посебни единици, единицата за брза интервенција и многу други се направени во Министерството за внатрешни работи и направена е реорганизација во Бирото за јавна безбедност со цел зголемување на безбедноста, зголемување на интегритетот на полицијата и ефикасноста и економичноста.

mvr-zgradaНови вработувања нема, но направена е реорганизација на вработените, сите што се сменети се унапредени, никој од нив не е девалвиран, брифираат од Министерството за внатрешни работи

На местото на началникот на секторот за внатрешни работи Скопје, Апостол Стојановски доаѓа Горанчо Савовски, додека Стојановски е именуван за помошник началник на Централна полициска служба.

Сменет е и началникот на СВР Струмица, Марјан Наковски кој е унапреден во помошник директор за криминалистичка полиција, а на негово место доаѓа инспекторот Ѓорѓи Божинов.

И СВР Тетово доби нов началник, Фередин Зенуни, доаѓа на местото на Шефик Бајрами.

Досегашниот командант на единицата за брзо распоредување станува командант на одделот за посебни единици.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков ја објасни реорганизацијата на секторите во МВР

Со промените Секторот за криминалистичка полиција и полиција се подели на три нови сектори, Сектор за криминалистичка полиција, Сектор за полициски работи од општа надлежност и Сектор за сообраќај.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1