Корисниците на мобилниот телефонски оператор ВИП веќе една недела се жалат дека немаат мрежат за да воспостават контакт.
Многумина од нив се обиделе и да се јават во контакт центарот за да се пожалат, но сите обиди им се неуспешни. Оваа нивна несреќа, корисниците на ВИП, решија да ја споделат на социјалните мрежи како Фејсбук, Твитер…Следни на потег се АЕК како ќе ги заштитат корисниците, пишува Нет прес.
„Потполна дискреција со мрежите на ВИП.“
Нова кампања на ВИП – 0 денари за 0 разговори
„Е сеа не знам шо е побрзо мрежата на Вип или на баба срцето.“
„Колку време трајт процедурата на префрлање на број од еден на друг оператор, поточно од ВИП на друг, макар на телефонијата шо ја имет во седми круг во пекол, пошо подобар сигнал сигурно ќе имат? Ова има да завршит одма, и боли ме к…ц за пенали и корнери.“
„RIP VIP“
„Не глумам недостапна, на ВИП сум!“
„Добар ден комшија, купив вино ама неам отварач… да не имате отварач за ВИП мрежа?“
„Благица на настапи има хулахопка со бољa мрежа од ВИП“
Ова се дел од фотографиите и статусите кои се појавија на социјалните мрежи: