Смртна казна за убиецот на девојката на Ештон Кучер


За убиството на Ешлин Еверлин, поранешната девојка на актерот Ештон Кучер, американцеот Мајкл Гарџиоло е осуден на смртна казна.

Тој покрај убиството на Ешлин е осуден и за уште две сторени убиства и за еден обид за убиство. По долгите и тешки судења поротата во судот во Лос Анџелес го прогласи за виновен.

Судот му одреди смртна казна, а претходно во мај оваа година за овој случај сведочеше и самиот Кучер, кој ја раскажа трагичната сцена која ја затекнал во нејзиниот дом, кога дошол на договорениот состанок а низ прозорецот во куќата видел црвени дамки на подот, но не се посомневал мислел дека станува збор за црвено вино, а бидејќи Ешлин не му одговарала на повиците тој заминал од пред вратата.

Таа наредното утро била пронајдена во бањата прободена со 47 убоди од нож.

Девојката Михаела Марфи, која на Гарџиоло успеала да му побегне, ја одигра главната улога во разрешувањето на овој случај, кога на сведочењето раскажа како тој ја нападнал со нож додека таа спиела.

Адвокатите на Гарџиоло се обиделе да го одбранат велејќи дека судот нема доволно докази, но и одбраната ја темелеле врз основа на неговата здравствена состојба, односно поседување на еден вид на амнезија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1