Смртоносната бактерија најдена во 2 мостри – ја имало во домашни колбаси


Две мостри биле позитивни на листерија, покажуваат првичните резултати од анализите на близу 200 мостри за утврдување на присуство на оваа бакетрија во храната, соопшти на денешната прес-конференцијата директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски.

meso– Ние во изминатите неколку дена додека траеја контролите однесоваме повеќе од 300 мостри во Ветеринарниот институт, односно во Институтот за храна при  Факултетот за ветеринарна медицина и исто толкав број во Институтот за јавно здравје. Досега имаме резултат од околу 134 мостри од ИЈЗ и околу 54 мостри од Факултетот за ветеринарна медицина. Од овие имаме две позитивни мостри од производи. Но тоа не значи дека се тие поврзани со хуманите случаи на листерија, рече Рунтевски.

Тој посочи дека станува збор за мостри од колбаси од две компании од домашната месна индустрија. Во следниот период подвлече, ќе следи генетска типизација на мострите на Факултетот за ветеринарна медицина, која ќе биде готова до среда поладне и тогаш ќе се знае  дали тие ја предизвикале листериозата кај лицата кои заболеа од бактеријата.

Во однос на колбасите, Рунтевски рече дека овој вид производ не е опфатен со правилникот, бидејќи со него се опфатени готовите производи за консумација. Колбасите, додаде, подлежат на дополнителна термичка обработка со која се смета дека бакетријата би се уништила.

bakteria-virus-labaratorija11– Производите не се на пазарот, меѓутоа мора да ја чекаме типизацијата во среда, за да кажеме дали има врска или не со хуманите случаи, појасни Рунтевски.

Во меѓувреме, продолжуваат и понатаму со контролите на терен заедно со Државниот здравствен и санитарен инспекторат, рече Рунтевски и информира дека веќе се преземни чекори во однос на последниот случај на листериоза потврден вчера кај лице од Тетово.

Тој појасни дека, овој пациент конзумирал печено месо, а не сувомени производи, како и млеко од домашно производство од животни кои ги чувал и од кое правел сирење од непастеризирано млеко.

– Земени се мостри од животните, од млекото кое е затекнато, а земени се брисеви и од кујната каде вработениот се хранел и се чекаат резултатите, рече директорот на Агенцијата.

Директорот на Инфективната клиника д-р Ѕвонко Миленковиќ информира дека пациентот од Тетово е во стабилна состојба, но сеуште е на Одделението за интензивна нега и во текот на денот треба да биде префлен на редовните оддели на Клиниката.

Тој посочи дека треба да се има предвид и се испитува и можноста од вкрстена контаминација, односно од други продукти кои биле во близина на примарниот носител.

Со вчерашниот случај бројот на заболени од листериоза е осум лица, од кои шест биле со инвазивна форма на менингитис предизвикана од бактеријата, а два со перинатална и неонатална сепса. Четворица од нив починаа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1