Џиновски смртоносни полжави биле пронајдени во населено место во Хјустон. Овие полжави се екстремно опасни бидејќи пренесуваат менингит како и паразити кои може да се смртоносни за човекот, предупредуваат лекарите.
Човек го нашол полжавот во дворот од својата куќа и бидејќи му бил интересен поради големината го подигнал со рака и го фотографирал. Сликата ја објавил на социјалните мрежи каде ја видел научник кој веднаш алармирал – излегло дека се работи за африкански полжав кои е смртоносен и не смее никако да се допира.
Лекарите веднаш упатија аларм и предупредување до жителите на Хјустон да не ги допираат овие полжави.
Само преку допирот тие може да го заразат човекот со паразити кои за човековото тело се екстремно опасни и не ретко доведуваат до смрт.