Невреме проследено со силен дожд ја погоди тузланската регија. Населението во населбата Црвене Њиве е евакуирано.
На планината Бјелашница утрово падна снег, а во другите делови на Босна и Херцеговина од вчера паѓаат обилни дождови.
Најмногу поројни дождови на места со град се забележани во источна Босна, во северозападните и во централните подрачја.
Невремето во Република Спрска причинило огромна штета на посевите, додека во Тузла, во населбата Црвене Њиве во тек е евакуацијата на граѓаните поради стравување од лизгање на земјиштето.
Западниот дел на градот бел отсечен поради водената стихија која ги прекрила главните сообраќајни улици.
Водата навлегла во внатрешноста на десеттина објекти, а било невозможно да се стигне до тузланската болница.
Невремето проследено со град зафатило и други подрачја.
Дежурните екипи работат на утврдувањето на штетата на посевите и локалните патишта.
И за денеска метеоролозите најавуваат обилен дожд.