Снег вее во Маврово и на Пелистер


Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Маврово и на планинскиот превој Плетвар, но не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Ѓавато врнежите се од дожд и снег.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на Попова Шапка, планинскиот превој Стража и Страцин.

На одредени правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и, како што соопштуваат, ги одржуваат сите патни правци проодни

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1