Мајка снимала како го мачи и малтретира десетмесечното бебе употребувајќи ги зборовите ,, многу сакам да го мачам детево,, а потоа видео снимката ја испратила на таткото на детето.
20 годишната Кели Парк е обвинета за злоставување на своето 10 месечно бебе откако згрозениот такто на бебето ги добил снимките и веднаш ја пријавил во полиција.
Таткото во само еден ден добил неколку видеоснимки на кој Кели го малтретира малечкото бебенце.
Му ги пратила видеата а потоа и 50 смс пораки во кои пишувало ,, ќе ја искршам оваа мала глава,, ,, многу сакам да го мачам бебево,,
На една од снимките се случа како му вика на бебето и му наредува да јаде работи од подот. ,, јади кога ти велам, твојот татко би сакал тоа јас истото да го правам,, вика Кели на снимките додека ја расфрла храната по подот намерно.
Социјалната служба го одзела детето и го предала на бабата, мајката на Кели.
Нејзиното семејство се сомнева дека таа има психички проблеми. Претходно
се случувало да закачува фотографии од бебето на фејсбук и на нив да
пишува коментари полни со љубов, но во последните неколку месеци
престанала да го прави тоа и нејзиниот однос кон малечкото станувал се
полоша.
Таа и таткото на бебето биле во вонбрачна врска но се разделиле а малечкото останало да живее со мајката.