Снимена мистериозната човечка фигура од Швајцарија


Овој човек го нарекуваат по прекарот „Le Loyon“ и како што пренесуваат медиумите го претставуваат како швајцарска верзија на чудовиштето од Лох Нес. Тој на себе носи војничка униформа и гас маска на лицето, а според информациите секој ден ја минува истата патека.

chovechka-figura-shvajcarijaФотографот кој за прв пат го фатил „Le Loyon“ на камера го раскажа своето искуство.

„Му се приближив на неколку метри. Тој гледаше во мене, а потоа се заврте со грбот и замина во тишина.“

И други очевидци за весникот Le Matin го споделиле своето искуство со мистериозниот човек.

„Семејствата едноставно не сакаат повеќе да одат во шумата. На никој овде приказната не му е смешна“ – изјавил еден фармер.

Локација на шумата во која е забележан човекот

Иако овој човек никогаш никому не наштетил, полицијата се надева дека ќе може да разговара со него со цел да ги убеди луѓето дека местото е безбедно.

Постојат неколку приказни кои кружат за идентитетот на оваа личност. Некои мислат дека станува збор за ментално пореметена жена, други велат дека ова е личност со многу оштетено лице, а трети дека е фанатик кој се подготвува за апокалипсата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1