Во водите на Тихиот океан, јато од сто илјади делфини продефилирало покрај бродот “Хорнбловер Крусес“.
Капетанот на бродот “Хорнбловер Крусес“, Џо Дутра кој со децении плови по тие води не го криел своето воодушевување, а ниту пак ни гостите на бродот кои почнале да врескаат од возбуда.
“Никогаш не сум видел ништо слично, ги следевме повеќе од еден час. Претпоставувам дека имаше околу сто илјади. Доаѓаа од сите страни, можевме да ги видиме се’ до каде нашиот поглед успеа да допре“, возбудено опишал Дутра.