Марија Ќурчиќ (25), заштитното лице на белградскиот ноќен живот, манекенка, ТВ водитека, ќерка на познатата новинарка Ана Марија Алвес Ќурчиќ и гитаристот на Дел Арно бенд Ѓорѓе Ќурчиќ, вчера трагично го заврши својот живот.
Првите резултати од обдукцијата укажуваат на самоубиство, иако не оставила проштално писмо, пишува српски Курир.
Нејзиното безживотно тело е пронајдено обесено на гелендер во станот во неделата пред полноќ.
Курир во печатеното издание објавува дека младата Марија се самоубила по снимањето на спот со легендариот бразилски фудбалер Роналдињо.
Марија е родена во Белград, а од страна на мајката влече потекло до Конго.