Ден по масакрот во Ница – Ница е град на мртви. Се пребројуваат жртвите, им се укажува помош на повредените.
Полицијатаоткрива нови детали за синоќешниот масакр, познат е напаѓачот, а се истражува дали имал соработници.
На интернет е објавена и видеоснимка од моментот кога е совладан тероростот Мохамед Лахуаиеј Булел, 31-годишен жител на Франција и Тунис.
Изрази на сочуство пристигнуваат од целиот свет. Странските амбасади потврдуваат дека има нивни граѓани меѓу загинатите. Последно Амбасадата на САД потврди дека двајца од 84-те загинати се американски државјани.
Во меѓувреме, на Твитер се огласи и Доналд Траск, кој напиша: „Каков парадокс, луѓето во Ница прославуваа слобода, еднаквост и братство“.